Дебранец на возраст од 85 годни во попладневните часови на 29 јуни во полиција пријавил дека утрото, на пат во Дебар, бил измамен од две непознати лица.
Според неговиот исказ, тие се претставиле како државјани на Израел и на Црна Гора и со прикажување лажни факти го измамиле со изговор дека им требаат пари за породување на сопругата на едниот од нив.
За да им помогне, тој им дал 1.000 долари и 100 евра, а како гаранција дека ќе ги вратат парите тие му дале синџир, налик на златен, по што го напуштиле местото на настанот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.