Две лица со прострелни рани од огнено оружје вчера биле хоспитализирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Се работи за 32-годишен жител на скопското село Морани и 44-годишен маж од село Дејковец, општина Зелениково. Како што изјавиле пред полициски службеници, повредите ги добиле од ловна пушка од нивен другар од Студеничани додека ловеле диви свињи.
Полицијата извршила разговор и со сопственикот на пушката и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.