Вчера околу 12.00 часот било пријавено дека на локалниот пат Катланово-Бадар (во близина на мостот на река Пчиња) имало возило кое излетало од патот.
По пријавата, интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и извадила патничко возило „Фиат Мултипла“ со скопски регистарски ознаки, а во него имало две починати лица.
Како што соопштија од МВР, се работи за лицата З.Н.(39) од Скопје и С.П.(22) од Скопје. Смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле предадени за обдукција.