Двајца браќа од Гостивар се товарат дека како инвеститори граделе без одобрение. Според информациите, тие изградиле надградба 4-кат на постоечки објект.

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против двајцата браќа, на возраст од 60 и 55 години, кои како соизвршители го сториле кривичното дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од кривичниот законик.

Обвинетите се товарат дека во октомври 2019 година во Гостивар како инвеститори граделе, без одобрение за градење, надградба 4-ти кат на постоечки објект. Бесправното градење било констатирано од овластен инспектор за градежништво кој на обвинетите им доставил Решение со кое наредува инвеститорите да ја отстранат надградбата изведена спротивно на Законот за градење.