Во текот на изминатиот ден, во период од 10 до 21.45 часот во БППЗ-Скопје на бројот 193 биле примени 29 пријави за пожари на територија на Град Скопје.
– Од нив 22 пожари се со интервенција и нивно гаснење и локализирање навремено, меѓу кои и фабриката ОХИС каде се употребија повеќе возила и пожарникари. Седум пријави за пожар беа лажни. Меѓу другото се уште имаме екипи од БППЗ-Скопје во Пехчево-Берово – велат во соопштението од скопската противпожарна единица.
Поради зголемениот број пожари Владата вчера прогласи кризна состојба на територијата на целата земја во траење од 30 дена.
Од вторникот, исто така на сила е целосна забрана за движење во шумските области во целата земја.