Две гранати и една рачна бомба од Втората светска војна се пронајдени крај Дебарското езеро.

Вчера во полиција било пријавено дека на крајбрежјето на Дебарското eзеро, кај место викано „Венец“, биле пронајдени две неисправни минофрлачки гранати и една рачна бомба од Втората светска војна.

По извршениот увид од полициски екипи и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово, гранатите и бомбата биле безбедно подигнати за понатамошна постапка.