Во Секторот за внатрешни работи Скопје изутрина во 3.50 часот било пријавено дека во дискотека во село Марино бил претепан гостин од страна на обезбедувањето на дискотеката.
Од МВР информираат дека инцидентот се случил во 3.30 часот кога лицето М.М.(31) од страна на сопственикот на локалот бил насилно изваден од локалот, а потоа бил физички нападнат со тупаници и клоци во пределот на главата и телото од едно лице од обезбедувањето на клубот.
Со возило на Итна медицинска помош М.М. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на медицинска помош. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.