Дваесет и двегодишен тетовец доби кривична пријава бидејќи истепал сопственик на угостителски објект во градот.
Како што информираат од полицијата, настанот се случил пред да стапи на сила забраната за гости во локалите.
– Пријавениот дошол во објектот и побарал да биде послужен со пијалак, но откако бил одбиен со образложение дека сите маси се зафатени поради почитување на протоколите за работа и спроведување на мерките за заштита од ширењето на Ковид-19, тој го нападнал сопственикот – соопшти полицијата.