Кривичниот суд во Скопје потврди дека до највисокиот суд ги доставил списите за предметот „Тенк“, во кој на двегодишна затворска казна беше осуден експремиерот Никола Груевски, за набавката на „мерцедесот“. Тоа значи дека Врховниот суд сега ќе може да ја разгледува жалбата на адвокатите на Груевски за вонредно преиспитување на пресудата со која беше осуден Груевски.
-Со оглед дека со доставата, конечно, се создадени услови за постапување по предметот и по претходно доставениот вонреден правен лек од страна на одбраната на обвинетиот Н.Г., предметот „Тенк“, заедно со списите од раздвоената постапка, веднаш се доставени на надлежно постапување во Врховниот суд на РСМ“- информира Кривичниот суд.
Врховниот суд петти месец не можеше да одлучува по жалбата на осудениот бегалец Никола Груевски бидејќи списите за предметот „Тенк“ во раздвоената постапка за ексминистерката Гордана Јанкулоска беа доставени на одлучување во Апелациониот суд во Скопје. На ова реагираа адвокатите дека е оневозможено правото на жалба. Од Кривичниот суд во Скопје појаснија дека жалбата на Јанкулоска, која е редовен правен лек, има приоритет пред вонредниот правен лек што го поднел Груевски.
За Груевски судот по барање на СЈО определи притвор во неколку од предметите што ги застапува, меѓу кои за „Титаник“, „Траекторија“, ТНТ, „Талир“