Шеесет и четиригодишен скопјанец пријавил дека вчера околу 9.45 часот во барака на општината Кисела Вода бил физички нападнат.
Според пријавеното во полицијата, нападот го извршила Д. К. (52) од Скопје, вработена како обезбедување.
– Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир – информираат од МВР во дневниот билтен.