СВР Велес информираше дека во изминатите два дена полицијата во два одвоени случаја пронашла два трупа – на 36-годишен маж и на 60-годишна жена во нивните станови. Врз телата не биле најдени траги на насилство.
Како што појаснуваат од СВР Велес, во негов стан во Велес вчераутро полицијата нашла труп на 36-годишен маж, а безтраги на насилство. Смртта ја констатирал и лекар на Итна медицинска помош од Велес. Увид на местото на настанот извршиле од СВР Велес и јавен обвинител.
Завчера, пак, во 15.40 часот во СВР Велес било пријавено дека 60-годишната Л.Љ. од Велес била пронајдена почината во нејзиниот стан на улица „Алексо Демниевски“ во Велес. Врз нејзиното тело немало траги на насилство. Смртта на починатата ја констатирал и лекар од Брза помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата ќе биде предадено за обдукција, информираат од СВР Велес.