Бугарија на Македонија ќе ѝ испрати поддршка за справување со пожарите по наредба на преодниот премиер Стефан Јанев. Пеку механизмот за взаемна помош планирано е испраќање на 25 пожарникари, три противпожарни возила и две амбулантни возила кон регионите на Кочани и на Делчево, како што беше објавено на интернет-страницата на бугарската влада.
Јанев во вчерашниот телефонски разговор со македонскиот премиер Зоран Заев изразил подготвеност за испраќање помош на Македонија за гаснење на пожарите, истакнува прес-службата на бугарската Влада во нејзиното соопштение.
Србија вчера испрати четири хеликоптери кои гаснеа шумски пожари во Македонија, при што во земјава дојдоа српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин и српскиот помошник-министер за кризни ситуации Лука Чаушиќ.