Од градската општа болница „8-ми Септември“, потврдија дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, бил хоспитализиран во оваа установа заради спроведување контролни прегледи. Додаваат дека дијагностичките процедури се во тек.
– По завршување на целата постпка на медицина базирана на докази, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба – се наведува во краткото соопштение на болницата.
Адвокатот Сашо Дуковски, кој е правен затапник на Јовановски, осомничен за случајот „Рекет“, пред десетина дена предупреди дека неговиот клиент е сериозно болен и бараше да биде хоспитализиран.
Боки 13 се жали на големи болки и проблеми со желудникот, причинети од претходно направени две неуспешни операции кој тој, како што рече адвокатот, ги направил на своја желба.
По ова се огласи и Универзитетската клиника за гастроенетрохепатологија, која ја демантираше изјавата на адвокатот дека не сакале да го прегледаат Јовановски и дека се шегувале со неговата здравствена состојба.
Боки 13, кој е во притвор, за четири месеци бил 25 пати носен на лекар.
Првото рочиште за случајот „Рекет” е закажано за 3 декември.