Од домот на првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 биле одземени 77 пара панталони, девет јакни, 30 парчиња тренерки, околу сто пара обувки, чанти, 80 пара очила и други предмети, како што наведе обвинителката Ивана Трајчева, која ги читаше доказите кои беа презентирани на судењето за случајот „Рекет“.
Биле запленети и уметнички дела од познатите македонски сликари Никола Мартиновски и Лазар Личеноски.
Јовановски и неговата одбрана во повеќе наврати побарале одземените предмети да се донесат во судот, што беше одбиено.