Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, денеска повторно дава исказ пред обвинителката од Одделот за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, во рамките на истрагата за невладината организација „Меѓународен сојуз“.
Тој беше спроведен од истражниот затвор „Скопје“, каде што е во притвор од 15 јули. Јовановски претходно даваше исказ повеќе осум часа и во петокот.
Во овој случај осомничени се и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ Фросина Ременски, потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ и асистентката во сојузот Христина Блажевска.
Се очекува обвинението во случајот да биде поднесено на почетокот од јануари в година.