Бојан Јовановски, познат како Боки 13, денеска попладне беше спроведен во затворот во Идризово, каде за случајот „Рекет“ треба да ја издржува деветгодишната затворска казна.
Јовановски досега беше во куќен притвор, а спроводот во затвор следува откако Апелацискиот суд вчера целосно ја потврди првостепената пресудата донесена во Основниот кривичен суд.
Наредбата за префрлање на Јовановски во Идризово ја издаде судија за извршување санкции од Кривичен суд, откако во судот денеска пристигнала одлуката на Апелација со која се потврдуваат казните.
Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, пак, за случајот ќе издржува затворска казна од седум години. Таа моментно се наоѓа во куќен притвор во Гевгелија, а наредбата за нејзиниот спровод ќе ја даде судија од гевгелискиот Основен суд.