Предвидено е Апелациониот суд денеска да одлучува за казните на осудените во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева.
Јовановски доби деветгодинишна затворска казна, а Катица Јанева беше осудена на седум години затвор. Тие го искористија правото на жалба, па Апелација сега може да ги потврди казните, со што би станале правосилни, или пак, да го врати предметот на предметот на повторно судење.
Двајцата обвинети моментно се во домашен притвор.