Апелацискиот суд Скопје го врати предметот за случајот со дедото на малата Тамара на почеток. Љупчо Стојановски на 12 јули годинава беше осуден на казна затвор од седум и пол години поради обидот за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Новото рочиште, според информациите од Кривичниот суд, е закажано за 5 декември.

Стојановски се обиде да пука врз Тодоров на денот кога тој требаше да ја предаде министерската функција на 1 јуни минатата година.

Малата Тамара Димовска почина пред повеќе од три години, чекајќи операција на рбетот во странство. Против лекарите сега се води судски процес.