Комисијата на Центарот за управуање со кризи работи на расветлување на случајот со извлекувањето од кратовско Емирица и укажа на слабостите на целиот систем. Ги бараме пропустите и бараме одговорност, со цел да го отстраниме и да не се повторуваат во иднина, изјави претседателот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Ангелов најави покренување на дисциплинска постапка доколу се утврди вина кај некој од учесниците во целата постапка.
Комисијата констатирала дека од оперативецот во Кратово не било побарано хеликоптер и не била известена Дирекцијата за заштита и спасување.
– Тоа е кршење на стандардните оперативни процедури и за истото ќе биде покрената дисциплинска постапка – изјави Ангелов.
Најави дека ќе бара одговорнсот и дека во случајот треба да се слушнат сите страни, за што веќе поднеле официјални барања до Министерството за здравство, МВР и Министерството за локална самоуправа.
Ангелов истакна дека од министерството за здраство побараале да одговори што предвидуваат нивните протоколи во ваква или слична ситуација и дали членовите на лекарската екипа од брзата помош имале комуникација со ЦУК и што им било одговорено.
Од Министерството за локална самоуправа, според него, ќе бараат одговор зошто од институциите од локална власт не било испратено теренско возило и дополнителни сили за помош, како и зошто градоначалникот на побарал ангажман на републичките сили за Заштита и спасување и не се ангажирани силите и ресурсите на Територијалната противпожарна единица во Кратово.
Од МВР, рече Ангелов, бараме одговор зошто од полициските службеници не било обезбедено теренско возило и не бил побаран хеликоптер, како и детален извештај од разговорот на лекарската екипа и полициските службеници.
Според неговите податоци и од оние информации кои се досега достапни, од страна на кратовската полиција е испратена понуда до екипата на Брзата помош да бидат пратени неколку млади полицајци, кои би помогнале во извлекувањето на болното за жал сега веќе починато лице.
Според него, оставката во оваа фаза би била еден вид дезертерство и затоа останува на функцијата, со цел целосна реформа на системот за управување со кризи.