Педесет и четири годишна жена од Штип пријавила дека била измамена за околу седум илјади евра, средства што ги уплатила на агенција како трошоци потребни за да и бидат префрлени 850.000 долари, од лице кое го запознала на социјалната мрежа Фејсбук на крајот на октомври 2018 година и кои се претставило дека е американски војник повреден во Авганистан.
Како што информира МВР, според пријавеното, во декември 2018 година лицето и кажало дека, бидејќи бил повреден, од авганистанските власти му биле исплатени 850.000 долари, кои тој не можел да ги внесе во САД и дека парите ќе и ги испрати на неа, а таа требала само да ги подмири трошоците на агенцијата Рутенет Експрес за да можат парите да пристигнат во Македонија.
Жената се согласила и во периодот од 26 декември минатата година до 29 јануари годинава во неколку наврати уплатила вкупно 7.300 евра и 1.590 долари на агенцијата. Парите требало да пристигнат до 20 февруари, но до денот на пријавувањето не ги добила, по што заклучила дека била измамена. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.