Адвокатите на Катица Јанева поднеле барање за одлагање на денешното рочиште за „Рекет“. Како причина е наведено дека обвинетата користи мерки од Владата за спречување на ширење на коронавирусот, со оглед дека според нејзината здравствена состојба, таа е во ризичната група граѓани.
Во поднесокот е наведено дека станува збор за хронична здравствена состојба. Но, освен поради здравјето на Јанева, одлагање се бара и поради друга причина, односно здравствената состојба на еден од нејзините адвокати.
Одлука на ваквиот предлог треба да донесе судијката Васка Николовска-Масевска, која го води процесот по овој предмет. Таа треба да го отповика барањето за спроведување на Јанева од куќен притвор, доколку одлучи да го прифати барањето.
На денешното рочиште е планирано да сведочат дел од обвинителите од СЈО. Таа предложи 13 од нив, меѓу кои Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Трајче Пеливанов.