Единаесетгодишно дете е потешко повредено кога синоќа било удрено од автобус, соопшти полицијата.
Според истиот извор, синоќа во 19:40 часот на улицата „Едвард Кардељ“ во Струга автобус „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Г.П. (57) од село Мислешево, струшко, удрил во велосипед управуван од 11-годишно момче од Струга.
Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Струга бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.