Скопјанец на возраст од 20 години во полиција пријавил инцидент во кој додека возел бил пресретнат од вооружени лица.
Според пријавата, настанот се случил на 18 март во близина на мост на реката Вардар, од населба Долно Лисиче кон селото Јурумлери.
Додека 20-годишникот управувал автомобил „мерцедес“, бил пресретнат од „голф“, без регистарски ознаки, во кој со автоматско оружје биле жител на селото Батинци и уште две други лица.
Притоа, 20-годишникот во паника скршнал од патот и излетал надвор од коловозот.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.