Триесет и едногодишен маж од Велес вчера бил приведен, откако девојка го пријавила во полицијата поради обид за силување.
Таа навела дека инцидентот се случил околу 2 часот, на автопат Скопје-Велес во близина на исклучокот за манастирот Свети Јован, додека таа се превезувала во неговиот автомобил. Според пријавеното, тој физички ја нападнал и се обидел да изврши обљуба.
За настанот е известен јавен обвинител, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.