Во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопатот „Пријателство“, помеѓу „БМВ“ и „Пежо“, три лица се тешко повредени.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачите на двете возила и еден сопатник. Едно лице е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а две во градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.