Тетовското Обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело обид за убиство.
Осомничениот на 13 јуни пред сопствениот дом се обидел да лиши од живот лице што заедно со уште еден придружник пристигнало пред неговиот дом и почнале расправија со него.
Тој најпрвин се наоѓал на балконот од куќата, а потоа излегол надвор и наеднаш му задал удар со нож на оштетениот во пределот на вратот нанесувајќи му тешка повреда со конкретна опасност за животот.
Повредениот бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, каде што му била констатирана повреда на повеќе крвни садови и на еден нерв во вратот.
Од страна на Основниот суд во Тетово на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.