Рано утрово едно лице загина во сообраќајна несреќа на делницата од автопатот граничен премин-Богородица-Гевгелија.
– Несреќата се случила околу 3 часот, кога патничко моторно возило „мерцедес“ управувано од М.К. (27) од село Богородица удрило во металната заштитна ограда, при што починал на самото место – соопшти МВР.
Сопатникот М.П. (26) се здобил со тешки телесни повреди и како итен случај со возило на Итна медицинска помош од Јавната здравствена установа Гевгелија бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата извршила увид и се работи на целосно расчистување на случајот.