Џони Деп

И покрај сиот луксуз и раскош во кој живеат, холивудските ѕвезди сепак имаат свои темни страни, за кои ретко кога се зборува и пишува. И тие имаат непримерно, па дури и криминогено однесување, почнувајќи од расизам, педофилија, па дури и убиства

ХОЛИВУДСКИ ЅВЕЗДИ ЗАСТАПЕНИ НА ЛИСТА НА ФБИ

Бројот на познати спортисти или актери од Холивуд што имаат досие во архивите на Федералното биро за истраги воопшто не е за потценување. Доста познати личности, од кои голем дел им се идоли на илјадници обожаватели низ светот, сепак не се толку невини како што изгледа.
И покрај сиот луксуз и раскош во кој живеат, холивудските ѕвезди сепак имаат свои темни страни, за кои ретко кога се зборува и пишува. И тие имаат непримерно, па дури и криминогено однесување, почнувајќи од расизам, педофилија, па дури и убиства.

Кои се тие познати личности што ја пополнуваат познатата статистика на полициските власти, прочитајте подолу во текстот.
Познатиот пират од Карибите, Џони Деп, е обвинет за преголемо физичко и вербално насилство кон неговата поранешна сопруга Амбер Хеард. Таа го обвини дека постојано ја малтретирал за време на бракот, па дури и изјави дека тој ја удрил со мобилен телефон.
За сексуално малтретирање, пак, е обвинет Кејси Афлек, кој е добитник на „оскар“ за неговата улога во филмот „Манчестер покрај море“. За време на снимањето на неговиот документарен филм „Сѐ уште сум тука“, директорката на фотографија Магдалена Горка го опиша искуството од работењето со него како најтрауматично во нејзината кариера. Таа објави дека едно утро, додека го снимале филмот, се разбудила и го забележала Афлек легнат до неа во нејзиниот кревет.

Марк Волберг е еден од глумците чие насилно однесување секогаш се крие под тепих. Тој во Соединетите Американски Држави важи за расист, затоа што им извикувал расистички пораки на ученици и фрлал камења кон нив. Тој дури и му расекол глава на човек од Виетнам. По тој инцидент, Волберг својот револт кон Виетнамците го истурил на уште еден човек оттаму, кого го удрил со тупаница во око и трајно го ослепел. Кога го сторил тоа дело, тој имал 16 години, па одлежал и 90 дена во затвор.

Можеби најголемиот насилник е О.Џ. Симпсон, кој беше обвинет за убиство на неговата сопруга. Во 1990 година, Симпсон е обвинет и за убиство на Никол Браун во цивилна постапка, затоа што лажел и дал лажен исказ за нејзината смрт и за смртта на Роналд Голдман. Му било наложено да им исплати 33,5 милиони на семејствата на починатите, како обесштетување. Во 2008 година, тој бил обвинет по 12 обвиненија за вооружен грабеж и киднапирање, откако со пиштол држел продавачи на спортски мемоари во хотел во Лас Вегас. Судот го осудил 33 години затвор.

Популарниот портпарол на „Сабвеј“, Џерод Фогл, во 2015 година бил обвинет за производство и дистрибуција на детска порнографија, како и за патување низ државата за да има секс најмалку со две тинејџерки. Фогл служи дванаесет и полгодишна затворска казна, а на 14 жртви им платил отштета затоа што тајно ги фотографирал.

Бил Козби

Имун на криминогени постапки не е ниту Мел Гибсон. Неговото име е поврзано за неколку престапнички дела. Првпат Гибсон е поврзан за антисемитизам кога на полициски службеник му извикувал антисемитски пораки, потоа одбивал да биде уапсен, по што направил голема сцена од себе, на која целиот Холивуд може да му завидува. Неговата кариера долго потоа трпеше поради неговото однесување, но по некое време тој почна да добива улоги. Во 2016 година, тој е впишан во полициско досие и за домашно насилство. Неговата поранешна девојка Оксана Григориева го обвини за малтретирање додека биле во врска.

Со големо досие може да се „пофали“ и популарниот Бил Козби, кој нема едно, туку повеќе обвиненија, меѓу кои е и она за сексуално вознемирување. Тој е обвинет за сексуално вознемирување од повеќе жени, и тоа за злоупотреба, силување, и навредување. Долг е списокот на Козби кога се во прашање жените, за што доби и соодветна затворска казна.

И музичарите се склони кон насилство и криминогени дела. Тапанарот на познатата група „Еј-си ди-си“, Фил Руд, во 2014 година беше обвинет за најмување платен убиец за да убие две лица во Нов Зеланд. Тој исто така бил обвинет и за заканување со убиство, поседување метамфетамини и поседување канабис.
Во 2009 година, пак, Крис Браун, тогашен партнер на познатата пејачка Ријана, беше обвинет дека физички ја малтретирал, по што таа заврши во болница.
Раперот Клифорд Џозеф Харис, во јавноста познат како Т.И., има долго досие во ФБИ. Уште во 1997 година, тој бил обвинет за производство и дистрибуција на кокаин, потоа за прекршување на условната казна, па за поседување автоматско оружје, како и за поседување дрога во 2010 година.

За секс со три малолетни девојчиња беше обвинет Стивен Колинс. Поради тоа што овие инциденти се случиле во три различни декади, тој никогаш нема одлежано затворска казна.

[email protected]