Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Стража, на околу 500 метри пред планинскиот премин Стража, се одвива наизменично по една коловозна лента поради превртено товарно возило, соопшти АМСМ.
Интензитетот на сообраќајот е зголемен надвор од градските средини. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.