Апелациониот суд ја укина пресудата за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, според неофицијални информации објавени во повеќе македонски медиуми. Предметот ќе се врати на повторно судење. Пресудата е укината поради суштествени повреди на постапката.
Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков во март годинава беше осуден на три години затвор во случајот „Титаник 2“ за манипулации на локалните избори 2013 година. Затвор добија и Тачи, Ибраими и тројца други поранешни членови на ДИК.
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи доби казна затвор од три години и два месеца. Останатите тројца поранешни членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска, беа казнети со по три години затвор. Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими доби казна затвор во траење од четири години и шест месеци.