Престрелка меѓу две групи попладнево се случила во Гази Баба. Засега од МВР велат дека немаат информации за овој случај.
Оттаму потврдуваат дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ било донесено едно повредено лице, а пријавено е од страна на лекарите.
Веднаш по престрелката на увид излезе полицијата на улицата Ордан Чопела, која се наоѓа во близина на парк-шумата Гази Баба.