Во вооружен инцидент во Велес во близина на црква „Св. Спас“ денеска претпладне со огнено оружје бил повреден 46 годишен полицаец. Полицаецот се здобил со четири прострелни рани во абдоменот и една во колено, објавуваат повеќе македонски медиуми.
Според изјавите на Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес, пред црквата „Св. Спас“, полициски службеници биле физички нападнати од четири лица. Едното од нив на полициски службеник му го одзел службениот пиштол и пукал кон него.
Тој е вон животна опасност, но поради сериозноста на повредите е пратен на лекување во Хирушките Клиники во Скопје. Од СВР Велес го потврдија настанот и информираа дека се врши истрага за случајот.