Заштитната ограда не можела да ја издржи тежината на автобусот, особено со оглед на брзината со која се движел автобусот на „Дурмо турс“, кажа градежниот вештак сведочејќи за тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци, на денешното рочиште во Кривичниот суд.
Прашањата на кои тој одговараше претежно беа од технички карактер, за стандардите за поставувањето на оградата на автопатот Тетово – Скопје и за нејзиното одржување.
Обвинителството ќе продолжи со изнесување на докази по испрашувањето на вештакот.
Животот го загубија 16 лица, а 37 беа повредени во тешката сообраќајна несреќа која се случи лани на 13 февруари.