Поранешната министрка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не дојде на денешното рочиште за случајот „Тенк“, за што одбраната до Судот достави лекарско оправдување, во кое е наведено дека има „ризична бременост“.
Одбраната побара да се одложи рочиштето, на што се спротивставија обвинителите од СЈО и побараа раздвојување на постапката за Јанкуловска.
Судијата Добрила Кацарска даде пауза за да одлучи по барањето на СЈО.
Од затворот Шутка беше донесен да сведочи и поранешниот директор на СОЗР, Васе Доневски.
Во случајот „Танк“, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.