На денешното рочиште за случајот „Титаник 2“, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, побара укинување на затворската казна од три години. Според Мијалков, затворската казна била изречена по само неколку прислушувани разговори.
Во првостепената пресудата за предметот „Титаник 2“ изречена во март годинава, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, беше осуден на три години затвор, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на три години и два месеца, поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими на четири и пол години и Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Елизабета Стефановска на три години затвор.