Полицијата денеска привела четири лица кај кои биле пронајдени пиротехнички средства. Кај двајца гостиварци биле пронајдени и одземени 4.800, односно 1.835 пиротехнички средства. Кај битолчанец се најдени 6.939, а кај штипјанец 2.900 пиротехнички средства.
„ Околу 12 часот и 30 минути, на улиците „Борче Јовановски“ и „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.А.(48) од Гостивар, затоа што во возило „опел мерива“ му биле пронајдени и одземени 4800 пиротехнички средства и 35-годишниот гостиварец С.К., од кого биле одземени 1835 пиротехнички средства.
Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Исто така, денеска, (29.12.2020) полициски службеници од Одделението за крим полиција – отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола заедно со полициски службеници од Полицискаа станица од општа надлежност Битола од Н.Ш(57)од Битола одзедоа 6939 парчиња пиротехнички средства, а Н.Ш. е лишен од слобода.
Денеска 29.01.2020 полициски службеници од СВР Штип, по добиени оперативни созаннија, при преглед на возило управувано од А.Ф.(52) од Штип, пронајдоа и одзедоа 2900 парчиња пиротехнички средства. Дополнително се преземени мерки и во врска со случајот се пронајдени и одземени 12.544 парчиња пиротехнички средства. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“ се наведува во соопштението.