Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Битола-Демир Хисар, после село Лисолај.
Во несреќата учествувале земјоделска машина трактор „Интернационал“ со битолски регистрски ознаки управуван од Б.П.(39) од село Доленци и товарно моторно возило „Сканија“, исто така со битолски ознаки управувано од П.И.(43) од Демир Хисар.
Во незгодата на местото на настанот починал Б.Т.(52) од Битола, сопатник кој се превезувал на приколката од тракторот.
Извршен е увид на местото на настанот.