Еден возач се здобил со тешки телесни повреди, а четири лица сe полесно повредени во четири од вкупно 12 сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во осум сообраќајки причинета е материјална штета.
Откриени се поголем број прекршоци и санкционирани се 52 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, пет возачи кои биле под дејство на алкохол и 13 пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило. Од сообраќај се исклучени две возила кои биле технички неисправни и 15 нерегистрирани возила.
Сообраќајната полиција издала 97 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ отстранети се 69 возила.
Полицијата санкционирала и осум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство за минување на пешаците, еден за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување и тројца за некористење зашитен шлем од страна на вел со мотор, мопед и мотоцикл.
Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализирала сообраќајна поука на која присуствувале учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци во својство на возачи.