Помала група на незадоволни граѓани побара од претседателот Стево Пендаровски да не ги штити осудените за „27 април“, на денешниот протест пред претседателската резиденција.
Демонстрантите кои се претставуваат како Организациски совет за протести за политички монтирани случаи, биле запрени на околу 100 метри од претседателската резиденција, од страна на полицијата.
– Се собравме да го повикаме Пендаровски да не ги штити терористите, затоа што демократијата не дозволува такво нешто – рече еден од организаторите на протестот.
Протестот уследи по коментарите на претседателот за судскиот процес за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, во интервју на телевизија „Канал 5“.