Со тешки телесни повреди се здобило 13- годишно девојче откако автомобил удрил во него на крстосницата од регионалниот пат Скопје-Велес и сервисна улица која води кон населба Нова Колонија, соопшти МВР.
-На 19.03.2019 во 13.20 часот на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и сервисна улица која води кон населба Нова Колонија патничко возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(56) од Скопје, удрило во 13-годишно девојче од село Идризово, скопско, кое се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.