Деветнаесетгодишна девојка од селото Горобинци, светиниколско, е приведена поради кражба.
Од полицијата велат дека таа отишла во куќа сопственост на 79-годишен човек од Свети Николе и под изговор дека ѝ било ладно, побарала да влезе и да се стопли.
Тој ја пуштил внатре и во еден момент кога излегол од собата, од дрвено сандаче одзела пари во износ од 301.700 денари во разни апоени, по што ја напуштила куќата.
Парите му биле вратени на сопственикот, а против девојката ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.