Американската служба за борба против дрога (ДЕА) соопшти дека продолжува да ја поддржува Македонија во детектирањето, спречувањето и ликвидацијата на организациите кои се занимаваат со трговија со дрога, како што посочија од агенцијата во изјава за МИА.
ДЕА потврди дека нејзини службеници се вклучени во истрагата на МВР и ОЈО поврзана со минатонеделната заплена на 200 килограми марихуана, чија пазарна вредност изнесува речиси милион долари, во акцијата изведена на патот Прилеп – Росоман.
Од ДЕА не сакаа да коментираат за текот на истрагата и за осомничените вклучени во организацијата на неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.