Тетка и братучед со месеци физички малтретирале 19-годишна девојка и сакале да ја омажат против нејзина волја, иако таа имала момче.
Според информациите од МВР, вчера во полициската станица Тетово, 19-годишна девојка од тетовско село пријавила дека во периодот од 25 август до пријавувањето, од страна на нејзината тетка и нејзин братучед била противправно држена и физички малтретирана на две локации во Тетово.
Според пријавеното, тие сакале да ја омажат против нејзина волја иако таа веќе имала момче.
– По консултација со јавен обвинител, девојката преку Центарот за социјални работи- Тетово е соодветно згрижена и се преземаат мерки за расчистување на случајот- велат од МВР.