Маж на возраст од 68 години е првата идентификувана жртва од превртениот македонски автобус кај Лесковац, информираат од Министерството за надворешни работи повикувајќи се на официјални информации од Србија.
-Имаме потврда дека се загинати и две жени, но истите не се идентификувани. Четворица патници со тешки телесни повреди се наоѓаат во животна опасност и се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш – информираат од МНР.
Од министерството додаваат дека превртениот автобус кај Лесковац е на превозник од Струга, со регистарски таблици – Euroturs SU 3325 AC.
-Во несреќата се повредени вкупно 32 повредени патници од кои 28 се вон животна опасност и истите се згрижени во општата болница во Лесковац, а 4 се на хирургија. На повредените и патниците од автобусот, кои ќе имаат потреба од преноќување, српските власти ќе им обесбедат сместување- информираат од МНР.