Бојан Јовановски, познат како Боки 13 денеска повторно беше спроведен од истражниот затвор „Скопје” до обвинителството, каде што поднесува кривични пријави, објавија повеќе медиуми.
Станува збор за околу 40 лица меѓу кои има носители на јавни функции и бизнисмени, пријавени за злоупотреба на службена положба, измама и давање лажен исказ, како што информира Јовановски преку писмо на осум страници.
Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски очекува обвинителството да отвори предмети за поднесените кривични пријави по целосно документирање на случаите.