Автомобилот на обвинителот Гаврил Бубевски изгоре во пожарот што ноќеска избувна кај бараките на јавното претпријатие „Улици и патишта” во Скопје.
Пожарот избил во автомобил паркиран до возилото на обвинителот, а потоа се проширил и на просториите на „Улици и патишта“.
– Пожарот делумно било зафатено и патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б.(45) од Скопје и бараките на ЈП „Улици и патишта“ кои биле целосно опожарени – информира МВР.
Во пожарот нема настрадани или повредени, а допрва треба да се утврдат причините.