Фото: Приватна архива

Бремените жени имаат најголеми потреби од холин, бидејки фетусот го користи за развој на мозокот, клетките и нервните канали

Автор: Д-р Марија Коцева, гинеколог

Холинот е водорастворлив микронутритиент од Б-групата на витамини. Се продуцира и во телото (црниот дроб) но во доста мали количини кои се недоволни за неговите потреби, поради што е неопходно да се внесува додатно преку храна или суплементација.
Слично како и останатите витамини од Б-групата игра важна улога во однос на нормален развој на мозочното ткиво, нервната функција, движењата на мускулите, одржување на оптимална метаболичка функција и за нормалната работа на црниот дроб.
Клучен е за процесот на метилaција, кој е неопходен за синтеза на ДНК молекулата, за нервните сигнали и различни процеси на детоксификација.
Бремените жени имаат најголеми потреби од холин, бидејки фетусот го користи за развој на мозокот, клетките и нервните канали.
Холинот е есенцијален микронутриент и за мајката и за фетусот во развој. Бенефитите од соодветен внес на холин во текот на бременоста се следниве:
-превенција на дефекти на невралната туба
-поддршка на развојот на плацентата
-поддршка на развој на рбетниот мозок
-трајни позитивни ефекти на феталниот мозочен развој
-подобра поддршка за мисловните процеси (когнитивно) функционирање кај бебиња со Даунов синдром.
-превенира развој на некои ментални болести
-им помога на децата да имаат подобра саморегулација и внимание.

Развојот на феталниот мозок е најинтензивен во тек на третиот триместар во бременоста и продолжува во првите пет години од растот на детето. Во тек на овој период големи се потребите од свингомиелин кој е изграден од фосфатидил холин (а тој последично од холин) за миелинизација на нервните влакна.
Холинот е исто така потребен и за синтеза на ацетилхолинот кој има улога во формирање на структурата и организацијата на различните мозочни региони и формирање на синапсите.

Фото: Приватна архива

Дневните потребни за холин во тек на бременост се 450 мг дневно. Бројните студии сугерираат дека и кај трудници кои воделе сметка за начинот на исхрана и дневните калориски потреби не било доволно за да се задоволат дневните потребни количини од овој микронутиент па затоа се препорачува задолжителен внес како додатен суплемент (најчесто во склоп на разните мултивитамински формулации за трудници).

Истражувањата продолжуваат да ја проучуваат врската помеѓу внесот на холин во тек на бременост и превенција на аутизмот. Во тек на бременоста внес на адекватни количини холин може да помогне околу некои од спектарот на аутистични пореметувања во развојот. Поттикнува здрав мозочен развој и може да намали анксиозност разни социјални дефицити.
Важен микронутриент за фетален раст и развој на кој вреди да му се посвети внимание.