Незадоволни граѓани се собраа пред Владата за да протестираат против францускиот предлог за кревање на бугарското вето кон Македонија. Присутните сметаат дека францускиот предлог ги негира македонскиот идентитет и јазик.
Насобраните граѓани порачаа дека се незадоволни во однос на, како што рекоа, сè полошите предлози што пристигнуваат од ЕУ кон нашата држава, за кои сметаат дека се неприфатливи. Тие побараа „францускиот предлог“ да биде веднаш отфрлен.
Меѓу учесниците на протестот се забележуваат знамиња со сонцето од Вергина. Протестот е организиран преку социјалните мрежи.