Група незадоволни граѓани во попладневните часови се собраа пред Владата во знак на протест против последниот предлог за надминување на спорот со Бугарија, со цел Македонија да почне пристапни преговори со ЕУ.
Учесниците на протестот побараа отфрлање на предлогот и оставка на власта. Мeѓу собраните граѓани се забележуваа знамиња со сонцето од Вергина.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претходно ги повика граѓаните утре да излезат на протест пред Владата, во 19 часот, за гласно да му кажат не на францускиот предлог.
Претходно имаше сличен протест пред Владата на 22 јуни.