Обвинителството од Гостивар до надлежниот суд доставило предлог за издавање казнен налог против 41-годишна жителка на селото Топлице која со измама добила земјоделски субвенции.
Обвинетата, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Подрачна единица Гостивар, поднела барање за субвенции за 2021 година во кое навела невистинити податоци.
Нерегуларностите во поглед на бројната состојба и ушните маркици на стоката биле утврдени при контрола од овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој спроведена на 16 септември – информираат од Обвинителството.
Јавниот обвинител предложил на обвинетата да и биде определена парична казна од 10 до 100 дневни глоби.